Иран станува магнет за компаниите од Западот
На пат кон Иран вчера се упати делегација од 100 француски компании, што е најголема таква делегација во последните десетина години.
Тридневната посета на претставници на компаниите кои ги предводат претставници на нафтената компанија Тотал, гигантот по машинско инжинерство Алстом, телекомуникациската компанија Оранж и производителот на автомобили Рено, истовремено е и силен сигнал за Техеран, така што преодниот договор за контроверзната нуклеарна програма на таа земја може да и донесе голема економска корист.
Иако Франција имаше тврд став кон иранската нуклеарна програма, тој брзо омекнува, со цел, со своите компании да осигура што подобри стартни позиции на тој голем, досега затворен, пазар.
Ниту другите држави не седат настрана и гледаат како да ги зграбат деловните можности кои ќе ги пружи иранскиот пазар доколку санкциите дополнително се ублажат. Така, кон крајот на февруари, во Техеран ќе пристигне и германска деловна делегација која ќе ја сочинуваат претставници на специјализирани компании од секторот на индустријата за храна, автоделови, здравствената индустрија, како и урабното планирање.
Се очекува дека во Техеран наскоро ќе се упати и холандска делегација. Особено е интересно што се забележани контакти на претставници на американскиот бизнис со високи ирански претставници, што за The Financial Times го потврдиле претставници на европски компании.
А.А.
Слично
