Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАН СО ОПОМЕНА ДО САД: Ако не престане геноцидот во Газа, нема да бидете поштедени

ИРАН СО ОПОМЕНА ДО САД: Ако не престане геноцидот во Газа, нема да бидете поштедени

Иран се заканува на Соединетите Американски Држави (САД).

Велат дека тие нема да бидат поштедени од војна ако не заврши израелскиот напад врз Газа. Тврдат дека во Газа се врши геноцид. 

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахјан, го предупреди Генералното собрание на Обединетите нации дека ако нападот на Израел на Хамас не биде завршен, САД нема да бидат поштедени од војна.

Седницата, насловена како „Илегални дејства на Израел во окупираниот Ерусалим и остатокот од окупираните палестински територии”, ја свикаа Јордан и Мавританија.

Во барањето на Јордан и Мавританија не се споменуваат нападите на Хамас или 7-ми октомври, но се наведува дека „опсадата и воената агресија на окупациската власт, против палестинското цивилно население во Појасот Газа”.

Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез денеска предложи во рок од шест месеци да се одржи меѓународна мировна конференција за конфликтот на Блискиот Исток, со цел да се реши војната меѓу Израел и Хамас.

Фото: Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Слично

Поврзани вести