Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран со нова серија на ракетни напади, погодени повеќе израелски градови

Иран со нова серија на ракетни напади, погодени повеќе израелски градови

Иран испали нова серија ракети кон Израел, експлозии се слушаат низ целата земја. Сирени за воздушен напад прво се огласија на север, а потоа и во централните делови на Израел, вклучувајќи го и Ерусалим.

Според информациите од Израелските одбранбени сили, од Иран беа испукани најмалку три рунди балистички ракети. Сирени се огласија и во градовите долж либанската граница.

Во Ерусалим, членовите на Кнесетот мораа да ги прекинат седниците на комисиите и да се засолнат во заштитени подрачја по предупредувањето издадено од Командата за цивилна заштита.

Очевидци во Ерусалим изјавија за Ројтерс дека виделе ракета како лета над градот. Една од ракетите го погодила подрачјето на градот Ашдод во јужен Израел, каде што медицинските екипи веднаш биле испратени на терен за да реагираат на евентуални повреди или штети. Тел Авив, исто така, беше погоден.

„Тајмс оф Израел“ објави дека медицинските лица реагираат на извештаите за напад со балистичка ракета во областа Ашдод во јужен Израел, додека „Јнет њуз“ објави дека има извештаи за штети во областа Лахиш, јужно од градот Ерусалим. Ова доаѓа откако „Ројтерс“ објави дека се слушнале нови напади во областа Ерусалим. 
„Ал Џезир“ дознава дека има најмалку четири места на удар, вклучувајќи го и оној во Ашдод. Исто така, има едно место јужно од Западен Ерусалим. Не е познато што се наоѓа во тие области. Постојат строги ограничувања за споделување информации или видеа од тие области, а кршењето на наредбите за воена цензура може да доведе до затворски казни. Ова го отежнува утврдувањето што е засегнато и колкава е штетата. 
„Сирените постојано свират 35 минути и се слушаат гласни експлозии“,известува Ал Џезира. Откако Израел го започна нападот врз Иран на 13 јуни, Иран наводно испалил околу 450 балистички ракети на израелска територија. Израелските медиуми објавија сирени во градовите, вклучувајќи ги Нахарија, Гешер Хазив, Хила, Меона и Милија. 

Слично

Поврзани вести