ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА САД: Со една ракета ќе им ја уништат флотата
Американската флота може да биде уништена со една ракета. Вакви закани стигнаа од иран.
Иранската револуционерна гарда порача дека нема да преговара со САД, а висок ирански клерик предупреди дека американската флота би можело да биде „уништена со една ракета“, додека американски носач на авиони се приближува кон Персискиот Залив.
Носачот „Абрахам Линколн“, кој администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп го испрати на Блискиот Исток како предупредување до Иран, во четвртокот мина низ Суецкиот канал, соопшти Управата на Суецкиот канал.
„Ајатолахот Јусеф Табатабаи-Неџад... алудирајќи на воениот брод 'Абрахам Линколн', кој е упатен кон Заливот, рече: 'Нивната флота (од милијарда долари) може да биде уништена со еден проектил', објави ИСНА од централниот град Исфахан.
Трамп вчера ги повика иранските власти на преговори со цел да се откажат од нуклеарната програма и изјави дека не ја отфрла можноста за воена конфронтација, наведувајќи ги како причина зголемените тензии помеѓу двете земји.
Тој изјави дека секогаш е можно да се случи воена интервенција од нивна страна, но се надева дека нема да дојде до тоа. Трамп изјави дека САД го имаат еден од најмоќните воени бродови во светот.
