Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран се закани на Европа - во кој случај ќе нападнат?

Иран се закани на Европа - во кој случај ќе нападнат?

Иран им се закани на европските држави да не се вклучуваат во актуелниот конфликт, предупредувајќи дека секој обид за воена или „одбранбена“ интервенција ќе биде третиран како директен чин на војна против Техеран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека евентуално приклучување на европските земји кон операциите против Иран ќе се смета за соучесништво со „агресорите“. 

Предупредувањето доаѓа по нападот со дронови врз британската воена база Акротири на Кипар, за кој западни извори тврдат дека бил изведен од проирански структури од Либан. Нападот предизвика засилени безбедносни мерки од страна на Обединетото Кралство, додека неколку европски држави, меѓу кои Грција, Франција и Германија, најавија поддршка за јакнење на одбраната на Кипар.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата не е директно вклучена во конфликтот на Блискиот Исток, но кажа дека ќе го брани „секој педа од територијата на НАТО“ доколку тоа биде потребно. Тој оцени дека Иран претставува сериозна закана за поширокиот регион и за европската безбедност.

Израел и САД во саботата го нападнаа Иран. Загина ајатолахот Али Хамнеи, но и други негови блиски, како и ирански воени лица. 

Слично

Поврзани вести