Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАН СЕ СПРЕМА ЗА ГОЛЕМА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ: Ајатолахот Хаменеи издаде наредба

ИРАН СЕ СПРЕМА ЗА ГОЛЕМА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ: Ајатолахот Хаменеи издаде наредба

Иран се подготвува за голема војна со Израел, кој најави одмазда за иранскиот ракетен напад, но и се обидува да избегне ширење на конфликтот, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански официјални лица.

„Иран им нареди на вооружените сили да бидат подготвени за војна, но и да се обидат да ја избегнат“, пишува весникот, цитирајќи четворица ирански официјални лица кои изјавиле дека иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи им наредил на иранските вооружени сили да направат повеќе планови во одговор на очекуваната израелска одмазда.

Иранските власти предупредија дека Иран ќе изврши напад врз Израел доколку израелската армија одговори со жртви или значителна штета.

Официјалните лица, од кои двајца припаѓаат на иранскиот корпус на револуционерната гарда, рекоа дека Иран дефинитивно ќе одговори доколку Израел нападне ирански нафтени локации, нуклеарни постројки или таргетира високи функционери.

Како опции за одговор на таков напад од страна на Израел, официјалните лица наведуваат напад врз Израел со до 1.000 балистички ракети или прекин на снабдувањето со енергија во регионот, пишува весникот.

На 1 октомври, Иран лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на водачите на милитантните групи Хамас и Хезболах, како и за агресијата во Газа и Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Слично

Поврзани вести