Иран се откажува од реакторите за тешка вода, но ќе испорачува нафта и гас за Европа
Иран нема да гради нови реактори за тешка вода во текот на 15 години. Соoдветно, вишокот од тешката вода, со која Иран веќе го има, ќе бидат понудени за продажба.
Така гласи нацртот меѓу "шесторката" и Иран.
Претходно денеска беше соопштено дека на преговорите во Виена "шесторката" и Иран постигнаа договор за иранската нуклеарна програма, која ќе го одвраќа Техеран да произведува нуклеарно оружје.
Нацртот за Иран предвидува и да отпаднат ограничувањата за увоз на ирански гас и нафта во ЕУ.
Се шушка и за ограничувања за извоз на опрема за екстракција на овие суровини во Иран.
Зделката меѓу Иран и Шесторката отвора нови хоризонти, пренесе АФП, цитирајќи ја првата реакција на иранскиот претседател Хасан Рохан, по постигнатиот договор во Виена.
"Договорот отвора можности за борба со нови закани", изјави Рохан. Сега Иран и Западот можат "да се фокусираат на заедничките предизвици", рече уште Рохан, со што ги наведе сунитските екстремисти од "Исламска држава" кои напаѓаат од базите во Ирак и Сирија, како американски и европски, па и шиитски цели во целиот свет.
