Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран се обидува да се „офајди“ од украинската криза

Иран се обидува да се „офајди“ од украинската криза
Иран се нуди да ја снабдува Европската унија со природен гас. Иран би можел да биде „сигурен, доверлив и долгорочен" снабдувач на Европа со природен гас, изјави за Handelsblatt иранскиот министер за индустрија, Мохамад Реза Нематзадех. „Во иднина би сакале да имаме важна улога на пазарот на природен гас. Не сакаме да бидеме конкуренција на Русија, меѓутоа свесни сме дека потребите на Европа од гас се сé поголеми и би сакале да учествуваме во тоа", рече Нематзадех. Европа е под сериозна закана за прекин на испораката на руски гас заради украинската криза и одлуката на „Газпром“ драстично да ја зголеми цената на гасот за Украина.        
Слично

Поврзани вести