Иран се обидел да го убие Трамп?
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека Иран се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-Би-Си.
„Иран се обидел да го убие претседателот Трамп“, рече Хегсет на брифинг за медиумите во Пентагон, додавајќи дека „претседателот Трамп на крајот се насмеал последен“.
Tој рекол дека во вторникoт американските сили „го лоцирале и убиле“ водачот
на единицата што се обидела да го убие претседателот Трамп.
Би-Би-Си потсетува дека во 2024 година, американската влада обвинила авганистански државјанин за наводен ирански заговор за атентат врз Трамп пред да биде избран таа година.
Министерството за правда изјави дека Фархад Шакери, тогашен 51-годишен, бил задолжен за „подготовка на план“ за убиство на Трамп. Потоа американската влада објави дека се верува дека Шакери е во Иран. Во кривична пријава поднесена до судот на Менхетен, обвинителите тврдат дека функционер на Иранската револуционерна гарда во септември му наредил на Шакери да смисли план за пронаоѓање и убиство на Трамп.
Хегсет вели дека САД го „истражуваат“ нападот врз иранското училиште за девојчиња.
Израел и САД во саботата почнаа со напади на Иран. Во нападите загина и ајатолахот Али Хамнеи, а неговиот син ќе го наследи.
Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран.
foto printskrin youtube
