Иран: САД се спонзор на тероризам
Според властите во Иран , американската војска, која се наоѓа на Блискиот Исток, на Африка и Централна Азија, се терористички групи, а САД е „држава која спонзорира тероризам“, соопшти иранската агенција ИРНА.
Мерката во Техеран следи по одлуката на Вашингтон да го вклучи иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда на листата странски терористички организации. Според властите во Иран, одлуката на САД претставува голема закана за регионалната и меѓународната безбедност и мир.
Иранскиот министер за внатрешни работи Мохамед Зафир го повика советот во списокот на иранските терористички групи да ги запише Централните вооружени сили на САД.
Слично
