Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран разгледува слободна пловидба низ Ормутскиот теснец, но под еден услов

Иран разгледува слободна пловидба низ Ормутскиот теснец, но под еден услов

Иран разгледува можност да им дозволи на бродовите слободно да пловат по оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад, како дел од преговорите со САД, под услов да се постигне договор за спречување на нов конфликт. Ова го откри извор запознаен со ставот на Техеран, објави „Ројтерс“.

Изворот додаде дека целиот предлог зависи од подготвеноста на Вашингтон да ги исполни барањата на Техеран, што е клучен предуслов за каков било можен напредок во врска со Ормускиот теснец. Во исто време, и покрај блокадата од страна на САД, иранските медиуми објавија дека неколку бродови продолжиле да пловат во близина на Ормускиот теснец, дополнително демонстрирајќи ја тензијата и сложеноста на ситуацијата во регионот. 

На 28 февруари годинава, САД и Израел го нападнаа Иран. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести