Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран повторно го стави под строга контрола Ормускиот теснец, неизвесност за глобалниот транспорт на нафта

Иран повторно го стави под строга контрола Ормускиот теснец, неизвесност за глобалниот транспорт на нафта

Иран објави дека повторно ја засилува контролата врз Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, поради, како што наведува, продолжената блокада од страна на САД.

Во официјалното соопштение, иранските власти наведуваат дека претходно дозволиле ограничен и контролиран премин на одреден број танкери и трговски бродови, но поради актуелната ситуација, режимот на движење се враќа на построги правила.

– Стратешкиот теснец е под строга управа и контрола на вооружените сили. Сè додека САД не обезбедат целосна слобода на пловидба за иранските бродови, ситуацијата ќе остане во оваа состојба – се наведува во соопштението.

Иранската државна телевизија објави дека Ормускиот теснец „повторно е затворен“, односно дека за премин ќе биде потребна дозвола од иранските власти, што дополнително ја зголемува неизвесноста во глобалната трговија.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе продолжат со блокадата на иранските пристаништа во Персискиот Залив, и покрај претходните најави за олеснување на пловидбата.

Сè уште не е целосно јасно дали ова значи целосно затворање на теснецот, но јасно е дека новите тензии меѓу Техеран и Вашингтон повторно ја ставаат под ризик една од најважните енергетски рути во светот, преку која поминува значителен дел од глобалната нафта.

Фото:МИА

Слично

Поврзани вести