Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАН ПОТВРДИ: Израел елиминираше уште еден нуклеарен научник

ИРАН ПОТВРДИ: Израел елиминираше уште еден нуклеарен научник

Иран ја потврди смртта на уште еден нуклеарен научник, убиен во израелските напади. 

Според полуофицијалната новинска агенција Тасним, Иранскиот универзитет за наука и технологија соопшти дека инженерот Сулејман Солејмани, дипломиран на Одделот за хемиско инженерство, е убиен во израелските напади.

Техеран не објави дополнителни детали за околностите на смртта на Солејмани или точната локација на нападот.

Тасним објави дека Солејмани бил „нуклеарен научник од нашата земја кој бил убиен во нападите на ционистичкиот режим“.

Потврдата доаѓа откако Израел соопшти дека убил 11 нуклеарни експерти и дека погодил неколку истражувачки центри поврзани со нуклеарната програма на Иран во 12-дневна воена операција.

Двете земји 12 дена војуваа. Израел тврдеше дека Иран ако произведе нуклеарно оружје, ќе ги загрози нив.

Слично

Поврзани вести