Иран подготвен да работи со Русија, Кина и Индија против НАТО во Европа
Иран е подготвен да соработува со Русија, Индија и Кина против плановите на НАТО за воена експанзија во Европа.
Тоа го изјави министерот за одбрана на Исламската република Хусеин Дега, кој учествуваше во Московската конференција за меѓународна безбедност во руската престолнина, пренесоа руските медиуми.
„Ние би сакале да се поддржи идејата за развој на мултилатерална соработка меѓу Кина, Иран, Русија и Индија за спротивставување на екстремната експанзија на НАТО на Исток и распоредувањето на противракетен штит во Европа“, појасни тој.
Според неговите зборови, Иран е подготвен да започне консултации за ова прашање, за да се осигура стабилноста во регионот.
Слично
