Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран почнал да поставува мини во Ормутскиот теснец?

Иран почнал да поставува мини во Ормутскиот теснец?

Според американските разузнавачки служби Иран почнал да поставува мини во Ормутскиот теснец во Персискиот Залив. 

Според извори запознаени со извештаите на американските служби, поставувањето на мини засега е ограничено на неколку десетици во последните денови. 

Изворите наведуваат дека Иран сè уште има на располагање повеќе од 80 до 90 проценти од своите мали бродови и бродови за поставување мини. Тоа значи дека иранските сили би можеле релативно брзо да постават стотици мини во теснецот.

Контролата врз овој клучен морски премин ја споделуваат Иранската морнарица и Иранскиот корпус на Револуционерната гарда. 

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ако мините не бидат отстранети, Иран би можел да се соочи со сериозни воени последици.

Низ теснецот минува околу една петтина од вкупната трговија со сурова нафта во светот.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести