Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран планира да се приклучи кон банката на БРИКС

Иран планира да се приклучи кон банката на БРИКС

Иран планира да се приклучи кон банката на БРИКС, пренесе иранската агенција Tasnim, повикувајќи се на ирански официјален претставник, цитирана од руски медиуми.

Иранскиот заменик-министер за економски развој изјавил на состанок на заедничкиот иранско-бразилски економски совет дека Техеран цели кон пристапување на банката на БРИКС.

Земјите од БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, потпишаа договор за Нова банка за развој на регионалната организација за време на шестата средба на организацијата во Бразил во јули 2014 година .

Банката почна да дејствува од неодамна оваа година - последната средба на БРИКС во рускиот град УФА.

Слично

Поврзани вести