Иран очекува стопански раст
Претседателот на Иран, Хасан Рохани им го претстави на пратениците од иранскиот парламент својот прв буџет. Тој вети помала инфлација и стопански раст на економијата, која, со ублажување на санкциите, ќе се насочи кон инвестициите и берзата.
„Вработувањето е најважно прашање за иднината на економијата, но сега најголем проблем е стопанската стагнација и зауздување на инфлацијата“ - рече Рохани во парламентот, што во живо го пренесуваше иранската државна телевизија.
Рохани призна дека комбинацијата од стагнација и инфлација во последните две години била без преседан, пренесе агенцијата Ројтерс и наведе дека вкупниот буџет е планиран на максимум 265 милијарди долари.
Слично
