Иран објави дека повеќе од 200 луѓе загинале во нападите
Иран објави дека преку 200 лица загинале, а околу 750 се повредени.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испратил допис до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и до претседателот на Советот за безбедност во кое порачал дека Техеран ќе продолжи со одмаздата додека не престане американската и израелската агресија. Арагчи нагласил дека Иран цврсто и без одлагање ќе го користи своето „неотуѓиво право на легитимна самоодбрана“.
Арагчи ги нарекол американските и израелските воздушни напади „грубо кршење“ на Повелбата на ОН и пример за „вооружена агресија“ врз Иран. Тој истакнал дека иранските вооружени сили ќе ги употребат „сите неопходни одбранбени капацитети и ресурси за да се спротивстават на оваа злосторничка агресија и да ги одвратат непријателските дејствија“.
Инаку, според податоците на иранската Црвена полумесечина, повеќе од 200 лица загинале, а 747 се повредени низ 24 провинции во во нападите што почнаа утрово.
