Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран: Ни го убија лидерот на работно место

Иран: Ни го убија лидерот на работно место

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги обвини САД и Израел за „кукавичка и брутална воена агресија“ врз Иран. 

На прес-конференција во Техеран, тој изјави дека нападот се случил веднаш по последната рунда преговори меѓу Иран и САД.

„Нашата татковина беше нападната на кукавички, суров и неправеден начин од најзлонамерните режими. Светот гледа и се соочуваме со јасен судир меѓу добро и зло“, изјави Багаеи.

Тој тврди дека иранскиот лидер  ајатолахот Али Хамнеи е убиен на своето работно место, заедно со членови од неговото семејство, но и дека во нападите загинале и деца, меѓу кои, како што рече, 171 дете во градот Минаб.

Багаеи додаде дека според американски и меѓународни извори, немало докази дека Иран планирал напад врз САД или дека развива нуклеарно оружје.

Остро ги критикуваше и Обединетите нации, оценувајќи дека Советот за безбедност е во „сериозна блокада“ и дека со нападот е прекршено основното начело на Повелбата на ОН – забраната за употреба на сила.

„Воената агресија врз Иран е почеток на крајот на системот на Обединетите нации“, изјави портпаролот.

Тој предупреди дека конфликтот може да се прошири доколку меѓународната заедница не реагира, но додаде дека Иран внимателно ги избира своите воени цели и дека земјата „се бори чесно“. 

Во саботата почнаа воените напади на Израел и САД врз Иран.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести