ИРАН: Не се плашиме од борба со губитници, бројот на американски жртви ќе расте
Бројот на американски жртви веќе е многу поголем отколку што потврдува Трамп, и ќе расте, објави денеска шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови напади врз неговата земја. Тој порача дека не се плашат од губитници.
„Овој пат, војната нема да биде ограничена само на регионот. Ќе видиме што ќе се случи!“, напиша Азизи на социјалната мрежа Х.
Со своја реакција се јави и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Според него, заканите на САД за напад врз инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги транспортните и електроенергетските мрежи, не покажуваат сила, туку, како што изјави, „се знак на очај пред волјата на една нација“, осврнувајќи се на Иранците.
На 28 февруари, САД и Израел почнаа напади против Иран.
foto X
