Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран нападнал 12 држави од почетокот на војната?

Иран нападнал 12 држави од почетокот на војната?

Заповедникот на Централната команда на американската војска Бред Купер предупреди дека Иран ги проширил нападите низ регионот и го обвини дека намерно напаѓа цивилни цели. Вели дека Иран гаѓал 12 држави од почетокот на војната пред една недела.

„Иранскиот терористички режим нападна 12 различни земји и продолжува намерно да ги таргетира цивилите низ целиот Блиски Исток. Синоќа, иранските сили испукаа седум дронови кон цивилни, станбени населби во Бахреин. Ова е неприфатливо и нема да остане без одговор. Ќе продолжиме да работиме со регионалните партнери за да се справиме со оваа закана за невините луѓе низ целиот регион“, рече Купер.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со незадоволство од сојузниците во Персискиот Залив, кои се пожалиле дека немале доволно време да се подготват за иранските одмазднички напади со беспилотни летала и ракети. Официјални лица од две заливски земји изјавија дека нивните влади се разочарани од начинот на кој САД ја водат војната, особено со првиот напад врз Иран на 28 февруари. Тие рекоа дека нивните земји не биле однапред известени за нападот и се пожалија дека САД ги игнорирале нивните предупредувања дека војната ќе има катастрофални последици за целиот регион.

Покрај заливските земји, ирански дронови паднаа и во Кипар и Азербејџан, а противвоздушната одбрана на НАТО собори дрон што се движел кон Турција.

Мета беа бази, амбасади, аеродроми. 

Американскиот претседател рече дека ќе прифати само безусловно предавање на Иран.

Кога во саботата го нападнаа Иран, Трамп потсети дека Иранците со години се закануваат со уништување на Израел, но и извикуваат „Смрт за Америка“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести