Иран: Нападите се злосторство против човештвото!
Иранскиот претседател Хасан Роухани остро ги осуди смртоносните напади во Париз, и ги опиша како „злосторства против човештвото“.
„Во името на иранскиот народ, кој сам бил жртва на тероризам, јас остро ги осудувам овие злосторства против човештвото и изразувам мое сочувство на загинатите Французи и француската влада“, напишал Роухани до францускиот претседател Франсоа Оланд.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/14/video-sledete-vo-zhivo-shto-se-sluchuvalo-vo-pariz-sinoka/" target="blank" ] (ВИДЕО) Следете во живо: Што се случувало во Париз синоќа![/button]
Во меѓувреме беше јасно дека Ангела Меркел ќе даде изјава за новинарите утрово во 9 часот по германско време во врска со терористичките акти во Париз. Ова го соопшти денеска германскиот кабинетот на канцеларката, цитирано од агенциите.
Локалните експерти истакнуваат дека терористичките акти во Париз неизбежно ќе предизвикаат дискусија во Германија за зајакнување на мерките за безбедност.
Телевизија „ARD“ сепак соопшти, повикувајќи се на извори во германските власти за спроведување на било каков закон и дека засега не се планира да се преземат какви било мерки.
