Иран: Ќе има тешки последици ако САД се повлече од нуклеарниот договор
Иран предупредува дека ќе дојде до тешки последици доколку САД под водство на претседателот Доналд Трамп реши да се повлече од нуклеарниот договор постигнат за време на водството на Барак Обама кој гарантираше забавување на развојот на нуклеарно оружје во замена за подигање на економските санкции.
– Иран има неколку опции ако САД се откажат од нуклеарниот договор. Реакцијата на Техеран за американското повлекување ќе биде непријатна, објави државната телевизија цитирајќи го иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф при доаѓањето во Њујорк.
Според договорот, Техеран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување санкции од кои најголемиот дел се укинати во јануари 2016 година.
