Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран ќе бара репарации, има услови за крај на војната

Иран ќе бара репарации, има услови за крај на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната со САД и Израел. 

Војната почна на 28 февруари, а во нападите во Техеран загина и ајатолахот Али Хамнеи. 

„Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на Х, пренесе МИА.

Иранскиот претседател додаде дека за време на разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдил посветеноста на Иран за мир во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја уништиле иранската морнарица, системите за воздушна одбрана, радарите и военото раководство во нападите врз Иран. Другите цели во Иран рече дека можат да ги уништат во рок од еден час. 

Слично

Поврзани вести