Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран:Ким Кардашијан е таен агент кој ги поткопува темелите на исламот

Иран:Ким Кардашијан е таен агент кој ги поткопува темелите на исламот

Од почетокот на неделава полицијата во Иран уапси 8 лица  кои дејствувале онлајн против исламот.

Меѓу нив се и неколку убави жени, модели кои позирале за слики без да ја прикриваат косата.

Иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција е убеден дека телевизиската ѕвезда и модел, Ким Кардашијан е таен агент. Задачата на оваа жена е преку социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук да наметне во општеството начин на живот, спротивен на исламот. Претставник на Корпусот изјави на телевизија дека институцијата се однесува многу сериозно кон тоа дека Кардашијан е финансиски помогната за ова.  Според нив, Ким Кардашијан пропагира разврат, откажување од семејната институција,  исмејуваа религиозни вредности и убедувања.

Слично

Поврзани вести