Иран ќе и го предаде на САД екипажот на приведените патролни чамци
Иранските власти ќе им го предадат на САД екипажот на двата патролни чамци Катер, кои беа заробени во Персискиот залив. За тоа им соопшти на новинарите американскиот воен претставник, истакнувајќи дека сите морнари - 9 мажи и една жена се живи и здрави.
„Тие ќе бидат вратени на еден од бродовите од групата на авиони од морнарицата на САД „Хари Трумон“, кој се наоѓа во овој регион“, изјавил претставникот.
Според неговите зборови Иранците „се однесувале добро со американските морнари“, никој не бил повреден при приведувањето.
Потсетуваме дека „CNN“ соопшти дека два мали брода на американската морнарица се заробени од Иран. Тие се движеле од Кувајт кон Бахреин и се нашле во територијалните води на Иран, по што иранските власти уапсиле десетмина членови на екипажот .
Според податоците на телевизијата, инцидентот се случил на островот Фарса.
