Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран ќе му позајмува пари на Египет?

Иран ќе му позајмува пари на Египет?

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад предложил да му даде паричен заем на Египет кој се соочува со финансиски потешкотии иако Иран е подложен на економски санкции поради нуклеарната програма.

„Претходно реков дека можеме да предложиме голема кредитна линија и многу услуги на египетските браќа“, изјави Ахмадинеџад во интервју за египетскиот весник „Ал Ахрам“.

Според него, иранската економија, иако е засегната од санкции, е голема економија, а извозот постепено се зголемува.

Ахмадинеџад исто така истакна дека има лесен напредок во насока на обновување на врските меѓу Техеран и Каиро, кои ги прекинаа дипломатските односи по Исламската револуција во Иран и мировниот договор во 1979 година меѓу Египет и Израел.

Слично

Поврзани вести