ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА: Одекнуваат експлозии во Тел Авив
Иран му возврати на Израел, а експлозии одекнуваат во Тел Авив.
Сирените во повеќе израелски градови одекнуваат, а луѓето се повикуваат веднаш да заминат во засолништа, откако Иран истрела голем број ракети кон Израел. Телевизиски снимки покажуваат дека израелската противвоздушна одбрана постојано пресретнува ракети на небото.
Небото над Тел Авив е исполнето со густ чад кој најверојатно е резултат на експлодирана иранска ракета.
Ноќеска Израел го нападна Иран со воздушни напади испалувајќи стотици проектили насочени, претежно, кон иранските нуклеарни постројки. Цел на нападот биле десетици нуклеарни и воени објекти, но и водечките луѓе на иранската армија. Досега е потврдена смртта на началникот на генералштабот на иранската армија, Мохамед Багери и командантот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Саламиж, како и повеќе водечки ирански нуклеарни научници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша нападот на Израел како „одлучувачки момент во историјата на Израел“. Кажа дека операцијата ќе продолжи со денови.
По нападот на Израел врз Иран најмалку 78 луѓе загинале, а 329 се повредени.Рускиот претседател Владимир Путин го осуди нападот на Израел на Иран.
