Иран има 18 илјади центрифуги за збогатување ураниум
Иран откри дека има околу 18.000 центрифуги за збогатување ураниум. Од нив над 10.000 се активни, потврди досегашниот раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран (ОАЗИ) Ферејдун Абаси Давани, кој потврди дека податоците објавени во мај од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Веста ја пренесоа француските медиуми кои потсетуваат дека САД и сојузниците стравуваат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје, а Техеран тврдеше дека неговата нуклеарна програма има мирновремена намена.
„На почетокот на месецот мордад (23 јули) имавме 17.000 центрифуги од првата генерација, од кои 10.000 работат, а 7.000 се подготвени да влезат во експлоатација“, изјави Давани при предавањето на своите овластувања на Али Акбар Салехи, кого новиот ирански претседател Хасан Рохани го назначи за нов директор на ОАЗИ.
Во својот извештај во мај МААЕ сооопшти дека Иран има 17.600 инсталирани центрифуги, од коа 16.590 се од прва генерација, додека 1.000 од втората. Претходно новиот претседател Рохани се залажи за политика на умереност и подобрување на односите со меѓународната заедница.
Слично
