Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран и САД в петок во Швајцарија на завршни преговори за договорот

Иран и САД в петок во Швајцарија на завршни преговори за договорот

Иран и САД в петок во Швајцарија ќе започнат нова рунда преговори со цел постигнување конечен договор, откако претходно беше склучен привремен договор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Тој предупреди дека секој израелски напад врз Либан, како и трајно израелско воено присуство на либанска територија во иднина, Техеран ќе го смета за прекршување на привремениот договор со САД.

- Од наша гледна точка, двете страни во овој меморандум се, од една страна, САД и Израел, а од друга страна Иран и Хезболах - изјави Арагчи во интервју за иранската државна телевизија.

Според него, претстојните разговори во Швајцарија треба да бидат насочени кон финализирање на меморандумот и решавање на преостанатите отворени прашања меѓу двете страни.


Слично

Поврзани вести