Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран и Русија градат нова нуклеарна централа, Вашингтон врие

Иран и Русија градат нова нуклеарна централа, Вашингтон врие
Русија смисли одличен начин како да му врати на САД за сите проблеми во Источна Украина со тоа што се здружи со Иран, нивниот најголем непријател на Блискиот исток и тоа со изградба на нова нуклеарна централа која освен што ќе и помогне на земјата да зајакне енергетски ќе може да послужи и за дополнителни истражувања за развој на нуклеарно оружје. Стартот на изградбата на централата вредна 10 милијарди долари беше свечено одбележана од високи политички претставници на Русија и Иран. Инспекциските тимови на Обединетите нации кои вршеле контрола утврдиле дека се испочитувани сите одредби од неодамнешниот „Нуклеарен договор“ со шесте светски сили, но сепак експерти од Вашинтон изразија голема загриженост бидејќи односите со Русија се заострени и никој не може да гарантира дека технологијата засекогаш ќе се користи само за комерцијални цели.
Слично

Поврзани вести