Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран и должи на Светска банка 697 милиони долари

Иран и должи на Светска банка 697 милиони долари
До 30 јуни, Иран и должел на Cветска банка 697 милиони долари. Поради неплаќањето на задолженијата, институцијата го стави Техеран на листата на платежно неспособни должници, што значи дека Банката нема да му доделува нови кредити, додека не го реши овој проблем. „Повеќе од шест месеци Иран не ги плаќал своите обврски кон Светска банка, што веројатно е уште еден знак за тешката состојба на иранската економија и недостигот на ликвидни средства поради санкциите што се воведени кон оваа земја“ - соопшти Светската банка. Во моментов Иран нема програма за кредитна поддршка со организацијата, а за последен пат таква помош искористил во 2005 година. Единствена друга земја во СБ со статус платежно несособна е Зимбабве, која не ги подмирила своите обврски од 2000 година.
Слично

Поврзани вести