Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран го враќа ударот - дали утрово загинал ирански министер?

Иран го враќа ударот - дали утрово загинал ирански министер?

Во целиот Израел се активирани сирени за воздушен напад и предупредувања за балистички ракети, како одговор на потенцијална иранска одмазда по израелско-американските удари врз Техеран и други цели во Иран.

Практично цел Израел е под закана, вклучително Тел Авив, Јерусалим, Хаифа и други клучни градови. Ова доаѓа по потврдените удари врз резиденцијата на Ајатолах Хаменеи, Министерството за разузнавање, Парчин и други стратешки објекти во Иран.

Иран сè уште не одговорил масовно, но се очекува контра-удар со дронови и ракети.

Израел и САД утрово го нападнаа Иран. 

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека го нападнале Иран и вели дека тие цели 47 години извикуваат „Смрт за Америка“. 

Неофицијални информации потврдуваат дека Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, е убиен во рамки на утринските напади поврзани со ескалацијата меѓу Израел и Иран. 

Слично

Поврзани вести