ИРАН ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА ТРАМП: Им забранува на Американци да влезат во земјата
Иран ќе им забрани на Американците да влезат во земјата како одговор на забраната за патување на 7 муслимански држави кон САД.
„Исламската Република Иран одлучи да реагира по навредливата одлука на САД за иранските граѓани“, станува јасно од изјавата на министерството за надворешни работи во Техеран.
Вчера Трамп потпиша декрет со кој до 120 дена ќе се прекине постоењето на американската програма за прием на бегалци. До крајот на месецот пак ќе бидат одземени визите на луѓе од Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
Министерството за надворешни работи на Иран ја нарече одлуката „нелегално, нелогично и спротивна на меѓународните правила“.
Од таму велат дека забрана веќе има и за граѓаните на САД, додека не се укине американската мерка. Владата презема и некои дипломатски мисии, за да им помогне на Иранци, кои биле „спречени да се вратат во своите домови и работни места“ во САД.
Туроператорите во Техеран соопштија дека странски авиокомпании веќе започнале со забраната за Иранци кои патуваат кон Северна Америка.
