Иран го продолжува пријателството со Русија и дозволи користење на воени бази
Иран го потврди пријателскиот однос со Русија и ќе и дозволи на руската авиојација да продолжи да користи нивни воени бази за лансирање на воздушни напади против џихадистите на Исламска држава кои се нивни непријател.

– Ако е неопходно Русите може да продолжат да ја користат нашата база за воени операции против ИД, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеин Дегхан.
Според него, Иран е подготвен да ја подржи владата во Дамаск „заедно со пријатели како Русија“.
Руските сили ја користат базата Хамадан во Иран. Иранското МО соопшти дека планира модернизација на воздушната флота, но негираше написи на медиуми дека сака да купи руски Су-30.
Слично
