Иран го покачи тонот заканувајќи и се на Саудиска Арабија
Иранскиот претседател Хасан Роухани остро ја критикуваше Саудиска Арабија, предупредувајќи дека саудиската кралска фамилија во Ријад ќе ја жнее омразата која ја сее во Јемен со своите воздушни напади, објави „Асошиејтед прес“.
Од 26 март предводена од Саудиска Арабија коалиција од држави претежно од Персискиот залив ги напаѓа шиитските бунтовници, познати како хутити, и застана на страната на борците лојални на соборениот од власт претседател на Јемен Али Абдула Салех. Иран ги поддржува бунтовниците, но негира дека обезбедува воена помош на хутитите.
Во говорот на воената парада во Техеран, пренесувана директно на телевизија, Роухани изјави дека убиството на цивили во Јемен нема да донесе ниту власт, ниту гордост за Саудиска Арабија.
„Што значи да се бомбардираат невини ... да го бомбардираш јеменскиот народ? Кон кои цели одите? Убивањето на деца ќе ве донесе на власт? Вие го посеафте семето на омразата во овој регион и ќе видите одмазднички одговор порано или подоцна“, истакнал Роухани и дополнил: „Не бомбардираат деца, возрасни мажи и жени во Јемен. Нападите на угнетените ќе им донесе срам ... за агресијата“.
Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи веќе ги спомена воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија коалиција како „геноцид“ и „големо злосторство“.
Иран го претстави планот од четири точки за прекин на конфликтот, кој вклучува хуманитарна помош, дијалог и формирање на влада на национално единство во Јемен, откако предложениот прекин на огнот веќе беше одбиен од Саудиска Арабија.
Роухани , исто така ја обвини Саудиска Арабија за снабдувањето со оружје и финансирањето на терористичките групи во Блискиот Исток.
„Што значи да обезбедувате финансиска помош и оружје на терористите во Сирија, Либан и Ирак“, праша Рохан.
Иран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и ирачката влада во нивната борба против екстремистите од сунитската гранка на исламот, вклучувајќи ја „Исламската држава“. Техеран нагласува дека Саудиска Арабија и неколку други влади на Блискиот Исток ја поддржуваат „Исламската држава“.
