Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации, сакале да угодат на Америка
Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации.
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф денеска изјави дека Иран отсега ги смета војските на земјите-членки на Европската Унија за „терористички групи“, повикувајќи се на законската регулатива од 2019 година.
Оваа одлука доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот одлучија да ја прогласат Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, поради крвавото задушување на неодамнешните антивладини протести. Овој потег на Унијата се смета за главно симболичен, со оглед на тоа што ИРГЦ веќе е под санкции на ЕУ поради прекршување на човековите права.
„Европа сака да му угоди на својот господар, Америка, со овие мерки“, изјави Галибаф во Парламентот, пренесува ДПА.
Видеата објавени од иранските медиуми покажаа пратеници облечени во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност, додека дел од нив скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
foto printskrin youtube
