ИРАН ГИ НАПАДНА ОАЕ: Има жртви, но и 169 повредени од различни земји
Двајца војници и 8 цивили денеска загинаа, а 169 луѓе се ранети во ирански напад со балистички ракети и со беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, објави Министерството за одбрана на Емиратите.
„Меѓу повредените има граѓани на ОАЕ, Египет, Судан, Етиопија, Филипините, Пакистан, Иран, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Азербејџан, Јемен, Уганда, Еритреја, Либан, Авганистан, Бахреин, Коморите, Турција, Ирак, Непал, Нигерија, Оман, Јордан, Палестина, Гана, Индонезија, Шведска и Тунис“, се наведува во соопштението на Министерството објавено на платформата Икс.
Системите за противвоздушна одбрана на Емиратите собориле 15 ирански балистички ракети и 11 беспилотни летала.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека од почетокот на војната во Перскискиот Залив, противвоздушната одбрана соборила 372 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.826 дронови, лансирани од Иран.
Војната почна на 28 февруари годинава.foto printskrin
