Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи. 

Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури изјави дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет.

Во меѓувреме иранското Министерството за информатичка и комуникациска технологија соопшти дека го идентификуваше местото на несреќата во радиус од два километри.
Турција испраќа опрема за пребарување и спасување.

Турската агенција за катастрофи соопшти дека добила барање за помош од Иран по падот на хеликоптерот на Ибрахим Раиси. Во Иран е испратен хеликоптер за ноќно пребарување и спасување, 32 персонал и шест возила.

Уште 15 спасувачи се ставени на готовност во случај да бидат потребни.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е „длабоко тажен“ поради хеликоптерската несреќа во која учествуваше неговиот „брат“ Раиси.

Слично

Поврзани вести