Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран: Дојде време да се одбрани татковината

Иран: Дојде време да се одбрани татковината

Иранското Министерство за надворешни работи одговори на денешните заедничките напади од САД и Израел, велејќи дека земјата „нема да се двоуми“ во својот одговор на обновената воена агресија.

„Дојде време да се одбрани татковината и да се соочиме со воениот напад на непријателот. Исто како што бевме подготвени за преговори, во секое време бевме уште поподготвени за одбрана. Вооружените сили на Исламската Република Иран решително ќе одговорат на агресорите со целосен авторитет“, се вели во соопштението. 

САД и Израел утрово почнаа напади врз Иран.

Министерството за војна на Соединетите Американски Држави соопшти дека американската воена операција врз Иран е наречена „Епски гнев“, пренесе Ројтерс.

Претседателот Доналд Трамп во видео објавено на социјалните мрежи изјави дека САД започнале „големи борбени операции во Иран“, бидејќи Техеран продолжил да ја развива својата нуклеарна програма и планирал развој на ракети со дострел до САД.

Тој ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и вооружените сили на Иран да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“.

Тој рече дека нападите првенствено се извршуваат од носачи на авиони стационирани во регионот на Блискиот Исток.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести