Иран доби 500 милиони долари од замрзнатите во странски банки
Иран ја доби првата транша во вредност од 500 милиони долари од активите, кои се замрзнати во западни банки, соопшти иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракачи.
- Првата транша од 500 милиони долари е доставена од швајцарска банка, согласно претходно постигнатиот договор, објасни Аракачи.
Договорот меѓу Иран и „шесторката“ (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија) за деблокирање на иранските активи беше постигнат на 24 ноември 2013 во Женева. Според договорот, на Техеран постепено ќе му бидат вратени вкупни 4,2 милијарди долари, замрзнати на ирански сметки во западни банки. Договорот влезе во сила на 20 јануари оваа година. Иран се согласи да го прекине збогатувањето на ураниум на ниво над пет проценти, а „шесторката“ се заложи ОН, ЕУ и САД да не наложуваат нови санкции и да се укинат некои ограничувања.
