Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран бара помош од Турција за доставување на гас за Европа

Иран бара помош од Турција за доставување на гас за Европа

Техеран е подготвен за соработка со Турција за снабдување на природен гас за Европа, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф по средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, соопштува руската новинска агенција ТАСС.

„Имаме политичка волја да ја продолжиме соработката. Подготвени сме на заедничката работа во сферата на енергетиката, електроенергетиката и гасоводни автопати за Европа“, рече Зариф.

Од своја страна и Турција има интерес да купува повеќе гас од Иран, додава Ројтерс. За време на средбата дека двете земји разговарале за набавните цени на иранскиот природен гас во Турција, станува јасно уште по разговорите во Анкара. Двајцата министри дискутирале уште и зајакнувањето на соработката во областа на туризмот и во целина за економските односи. Турција и Иран покажуваат и поголема соработка за решавање на кризата во Сирија, и покрај своите разлики, наведува Washington Post. Техеран јја поддржува владата на Башар Асад, додека турската страна е на спротивен пол и инсистира за неговото повлекување. За време на посетата на Анкара Зариф ја изрази својата поддршка за Турција по обидот за преврат во земјата во јули. Од своја страна, пак Чавушоглу се пожали од недостатокот на сличен однос од западните сојузници на земјата, додава весникот.
Слично

Поврзани вести