Ирак со офанзива за освојување на Тикрит од „Исламска држава“
Армијата на Ирак поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци започнале операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, соопштила ирачката државна телевизија.
Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин со поддршка од артилеријата и воени авиони.
Хајдер ал Абади ирачкиот премиер неколку часа пред нападот ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им вети помилување.
Тикрит е 130 километри северно од Багдад, а под контрола на ИД е од минатото лето.
Слично
