Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАК СЛОБОДЕН: Прогласија победа над „Исламска држава“

ИРАК СЛОБОДЕН: Прогласија победа над „Исламска држава“

Ирак денеска објави победа над групата „Исламска држава“. 

Властите објавија дека војната против „Исламска држава“ е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се истерани од териториите кои беа окупирани. 

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи и крај на воените операции против џихадистите. 

Тоа го потврди и високиот заповедник на ирачката армија, генерал потполковник Рашид Јар Алах.

„Сите ирачки територии се ослободени од терористичките банди на Даеш (арапската кратенка за ИД) и нашите сили во целост ја контролираат меѓудржавната граница на Ирак и Сирија“ – вели генералот.

Терористите од ИД во летото 2014 година освоија скоро една третина од територијата на Ирак, вклучувајќи го тука и Мосул, вториот по големина град во државата. 

Ирак до крајот на декември ќе објави целосно ослободување од џихадистичката група „Исламска држава“, изјави деновиве францускиот претседател, Емануел Макрон.

Тој ова го соопшти за време на заедничката прес-конференција со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Макрон најави воена победа во ирачко-сириската зона. 

Слично

Поврзани вести