Ирак: Ослободени турски заробеници
Во Ирак се ослободени 49 турски државјани кои во јуни ги заробиле припадници на екстремната група на Исламската држава, соопшти премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.
„Рано утрово наши државјани се префрлени во Турција„, рекол Давутоглу во директното телевизиско обраќање, не наведеувајќи ги деталите за ослободувањето на заложниците.
Турските државјани беа заробени на 11 јуни, кога џихадистите од ИС го превземале турскиот конзулат во градот Мосул, на северот на Ирак.
Меѓу заробениците биле турски конзул и неговата сопруга, повеќе дипломати, нивни деца, како и припадници на специјалните турски сили.
Турција минатата недела одбила да учествува во воените операции кои ги започна меѓународната коалиција за борба против џихадистите, предводена од САД. Турција тогаш соопштеила дека сака да ги заштити животите на своите заробени државјани.
