Ирак е ослободен од џихадистите на ИД
По двегодишна воена операција конечно падна Мосул, последниот ирачка град во кој џихадистите на Исламска Држава и натаму имаа упориште. Војската од Ирак успеа да го ослободи градот од последните екстремисти на ИД и со тоа да прогласи победа.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, веднаш отпатува во Мосул со цел на своите војници, како и на сите борци во здружената коалиција да им ја честита победата над Исламската држава.
Тој се заблагодари на храброста на војската и на ирачкиот народ, како и на нивниот придонес во оваа голема победа. Џихадистите до вчера успевале да одржат окупација на мала зона во близина на Стариот град, а од денес ирачките војски ја преземаат контролата над Мосул.
Во ослободувањето на Мосул голем придонес има и западната воена коалиција предводена од САД со извршени голем број на воздушни напади и помош од специјалните сили.
Слично
