Ирак бара воздушни напади од САД
Ирак побара од САД да започнат воздушни напади против сунитските екстремисти, кои зазедоа поголем дел од северните области на земјата, објави шефот на ирачката дипломатија Хошјар Зебари.
„Официјално побарав помош од Вашингтон врз основа на безбедносната спогодба и да изведе воздушни напади против терористичките групи“, изјави Зебари за новинарите во Саудиска Арабија.
Претходно, премиерот Нури ел Малики изјави дека неговата Влада успеала да поврати дел од воената иницијатива по шокот од поразот на ирачките безбедносни сили во северните делови на земјата.
„Ни сега започнавме контраофанзива, ја повративме иницијативата и го возвраќаме ударот“, рече ирачкиот премиер. Според Малики, шиит кој ја извршува функцијата премиер од 2006 година, нападот од исламистичките радикали и загубата на голем дел од територијата всушност му помогнале на Ирак да го врати своето национално единство.
САД не исклучува секаква опција за помош на ирачката Влада да врати контрола во земјата. Единствено што за сега се исклучува е копнена интервенција.
Слично
