Ирак бара глобална помош во борба против џихадистите
Ирачките власти побараа глобална поддршка во борбата против џихадистите.
Иран вети помош, но без праќање војници на терен, соопштено е после состанокот на ирачкото министерство за надворешни работи од Хошјар Зебариј и неговиот ирански колега Мохамед Џавад Зариф.
„На Ирак му е потребна помош и поддршка од сите сили против тероризмот, но не во вид на војници на терен, судејќи дека нам не ни недостасуваат војници“, изјавил Зебари.
Ирачките сили настојуваат да ги повратат големите територии на таа земја, влкучувајќи го вториот по големиа град Мосул, кој го завземале џихадистите од групата Исламска држава (ИС).
Американските сили на 8 август покренале воздушни удари против џихадистите, што им овозможило на курдските сили да ја превземат контролата над претходно изгубената територија.
