Ирачкиот премиер не сака странски копнени трупи во Ирак
Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади денеска повтори дека остро се спротивставува на распоредување на странски трупи на копно во Ирак, заради борбата против џихадистите од Исламската држава.
Во разговор со австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон во Багдад, ал-Абади ја отфрлил можноста за „секаква странска воена интервенција на копно во Ирак“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
САД и Франција веќе изведуваат воздушни напади врз позиции на Исламската држава во Ирак, а најавија дека нападите би можеле да се прошират и на соседна Сирија, каде исто така е активна оваа џихадистичка организација.
Американскиот претседател Барак Обама во повеќе наврати отфрли секаква можност американската копнена војска да се врати во нова мисија во Ирак, но во оваа земја веќе има значителен број американски војници како разузнавачка поддршка за ирачките безбедносни служби и логистика за американските воздушни напади.
Освен ова, Обама најави и формирање на широка меѓународна коалиција за борба против Исламската држава, која според последните информации ја сочинуваат 40-тина земји и организации, од кои голем дел не би можеле да придонесат многу за воздушни напади.
Меѓу земјите кои се согласиле „во некое својство“ да и помогнат на борбата против Исламската држава е и Македонија, објави Стејт департментот.
Македонија се приклучи во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава!
Слично
