Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирачката армија прогласи победа над „Исламска држава“ во Рамади

Ирачката армија прогласи победа над „Исламска држава“ во Рамади

Ирачката армија денеска најави дека е поразена „Исламска држава“ во провинциската престолнина Рамади, пренесоа агенциите.

Победата во Рамади, кој е административен центар на провинцијата Анбар, во кој живеат главно муслимани сунити, под ропство на „Исламска држава“ е и најголемото нејзиното освојување за 2015 година, забележуваат агенциите.

Сите борци на џихадистичката група „Исламска држава“ (ИД) го напуштиле административниот комплекс во центарот на Рамади, кој беше опколен целосно денес од владините сили, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на портпаролот на елитните единици за борба против тероризмот.

„Сите борци на ДАЕШ (Кратенка на „ИД“ на арапски јазик) се повлекоа. Нема отпор“, изјавил тој, додавајќи дека комплексот сепак мора да се исчисти од поставени мини и експлозивни направи пред војниците да можат да влезат.

Владините сили започнаа операција за опколување на Рамади во вторникот. „Исламска држава“ го завзеде административниот центар на западната провинција Анбар по метеорската офанзива минатата година, кога освоија една третина од територијата на Ирак.

Слично

Поврзани вести